Друштво за заштита на растенијаСТАНИЦА ЗА ФИТО ЗАШТИТАДООЕЛ увоз- извоз Прилеп |
Терминот фумигација претставува уништување на инсекти со отрови од прва група. Најбрз начин да се уништат штетниците во затворен простор и делува на сите развојни фази на инсектите.
„СТАНИЦА ЗА ФИТО ЗАШТИТА“ при изведување на фумигација го користи фумигантот фосфорводород (PH3) – Mg2PH3.
Предности на фумигацијата се:
За квалитетна и успешна фумигација пред третирањето се извршува припрема (херметизација) на објектот или робата се покрива со најлонска фолија. „СТАНИЦА ЗА ФИТО ЗАШТИТА“ за херметизација користи еколошки материјали кои лесно се отстрануваат и не го нагрдуваат објектот.
Времетраењето на фумигацијата зависи најмногу од температурата, типот на робата која ќе се фумигира и потребното време за постигнување на потребната концентрација на фумигант (ppm ) во робата која ќе гарантира успешна фумигација.
Под поимот дезинсекција се подразбира уништување на штетните инсекти и ектопаразити во шталите, нивната околина, на пасиштата, испустите, сите други места каде престојуваат луѓе, како и на самите животни и на места каде се произведува и чува храна.
Инсектите се среќаваат во сите делови на животната средина. Ги има во сточарските фарми, кланиците и млекарите, магацините, продавниците за свежи производи од анимално потекло или нивни преработки, кои доколку не се одржуваат во соодветна хигиенска состојба привлекуваат инсекти. Заради тоа како и заради нивната разновидност имаат големо епидемиолошко значење. Освен тоа доведуваат и до големи економски штети.
За сузбивање на инсектите во вашите магацински простории користиме широка палета на инсектициди кои се со брзо почетно дејство (knock down),не го валкаат третираниот простор и еколошки се прифатливи, а нивниот избор зависи од видот на инсектите и Вашите побарувања.
„СТАНИЦА ЗА ФИТО ЗАШТИТА“ опремена е со опрема за ладно, термичко и УЛВ аплицирање на препаратите за дезинсекција.
Дератизацијата претставува хигиенско санитарна мерка за уништување на штетните глодари, односно регулација на популацијата на штетните глодари. Глодарите спаѓаат во редот Rodentia, кој има повеќе од 3000 видови распространети низ целата планета, а на територијата на нашата земја присутни се околу 30 видови. Најмногу се задржуваат околу куќите, фармите, магацините за храна, нечисти места, ѓубришта, канализација.
Во зависност од објектот и робата која е во него се врши избор на отровни мамци кои би се користеле за дератизација. „СТАНИЦА ЗА ФИТО ЗАШТИТА“ користи препарати со антикоагулантно дејство (парафински, зрнести, комбинирани, перли, течни, мамци).
На осетливи места каде е ризична примена и поставување на отровни мамци, можна е употреба на електронски ултразвучни пестрепелери кои се покажаа доста добро при отстранувањето на глодарите.